Во Sport LIfe и шестката носи милиони, обложувачите експресно ги користат новите игри за огромни добивки (Фото)

Два одлични тикета се исплатени во Sport Life, а има и нов МИЛИОНЕР, и тоа само со0 шест погодени пара.

ПОЛЕСНО ЗДРАВЈЕ – НЕМАШЕ НЕИЗВЕСНОСТ, А ИМА НОВ МИЛИОНЕР ВО SPORT LIFE

Во обложувачкото место кај Настел во скопската населба Карпош обложувач одигра маестрален тикет за добивка од еден милион денари, а погодени се шест пара со иста игра, 2+I&4+, и со коефициенти од 2,60 нагоре.

Играта е многу популарна и треба да паднат најмалку два гола во првото полувреме и вкупно барем четири на целиот меч, а токму таков тикет со огромна добивка одигра новиот милионер во Sport Life.

Тикетот е уплатен со сума од 1.150 денари, а сите натпревари излегоа лесно и како под конец.

Најдолго се чекаше вториот гол во првото полувреме на мечот меѓу Сент Гален и Јанг Бојс, а актулениот првак на Швајцарија поведе со 0:2 со погодокот на Џордан Сибачу во 44-тата минута.

Во второто полувреме имаше голеада и мечот заврши со резултат 3:3. Идентичен е исходот и на дуелот меѓу Базел и Сион, а таму на полувреме беше 2:1 за домаќините.

Селтик го декласира Мадервел со 4:0, по првиот дел беше 3:0, Салцбург имаше предност од 2:1 против ЛАСК на полувреме и победи со 3:1.

Мехелен и Бершот и Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен приредија голеади во двете полувремиња, со пет гола во Белгија и дури 7 во Германија, па добивката од еден милион денари стигна релативно лесно за обложувачот со уплатен тикет во Скопје.

ОБЛОЖУВАЧИТЕ БРЗО ГИ РАЗРАБОТИЈА ДОБИТНИТЕ КОМБИНАЦИИ СО НОВИТЕ ИГРИ ВО SPORT LIFE

Новите игри во Sport Life веќе почнаа да носат топ-добивка, а една од игрите што се очекуваше со нетрпение, ГГI&3+I, му донесе убав ќар на обложувач со уплатен тикет во скопската населба Мичурин.

Со уплата само од 40 денари, добивката е околу 56 илјади денари, а одиграни се три натпревари, сите со иста игра.

Барселона и Атлетико Мадрид во шпанското дерби ја исполнија задачата само за 21 минута од стартот на мечот.

Домаќините направија пресврт со головите на Алба и Гави, откако Атлетико поведе со погодокот на Караско, па резултатот 2:1 на половина од првото полувреме веќе беше доволен за да се исполни потребниот услов и да има барем по еден гол во двете мрежи и најмалку три гола во првиот дел.

Погодениот коефициент за овој меч со играта ГГI&3+I е најголем на добитниот тикет и изнесува 13.

Гол-шоу со четири гола во првото полувреме имаше и на „Сити граунд“ во Нотингам, каде што домаќините Нотингам форест водеа со 3:1 по првиот дел со Лестер во меч од ФА купот во Англија. Тука коефициентот за ГГI&3+I беше точно 10,50.

Остана за добивка да се чека истиот тип на француското дерби меѓу Лил и ПСЖ, а и таму, како и на двата претходни дуели, резултатот беше 3:1 по првото полувреме, тука во корист на гостите од Париз. Коефициентот за овој меч беше 10,25, а вкупната квота на трите натпревари одиграни со иста игра е неверојатно висок и изнесува 1.400 во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести