Во Србија беше досуден пенал, што многумина ги збуни (Видео)

Раднички Ниш минимално со 1:0 славеше над Текстилец во меч од плејаут групата во српската Супер лига. Со оваа победа, Раднички стигна до 40 бодови и сега има реални шанси да се спаси од испаѓање, додека Текстилец остана на 34 бодови и е на претпослдното место на табелата.

Клучниот момент на мечот се случи во 15 минута, кога интернационалецот од Јамајка, Стујард постигна гол од пенал. Токму тој погодок беше доволен за тимот од Ниш да се радува на триумф.

Сепак, многумина сметаат дека пеналот е „подарен“ од судијата Милан Илиќ. Имаше центаршут во гостинскиот шеснаесетник, а Луковиќ и Гемовиќ беа во дуел. Судијата Илиќ веднаш реагираше и сметаше дека повлекувањето за дресот е доволно да има пенал за Раднички.

Иако гостите бараа да има проверка во ВАР собата, по две-три минути чекање, беше одлучено дека пеналот е правилно досуден. Токму тој момент е решавачки за победа на Раднички.

Спорниот пенал може да го видите на видеото од 1:10 минута.

- Оглас -

Најнови вести