Во Србија, играчите и судиите ги прекршија сите препораки (Видео)

Уште пред повеќе од 10 дена, Европската фудбалска федерација УЕФА донесе одлука, фудбалерите и судиите да го прескокнат традиционалното поздравување пред мечот. Според челниците на УЕФА, така се избегнува непотребен контакт на луѓето кои се на теренот, а со тоа се спречува и ширење на Коронавирусот.

Овие препораки од УЕФА ги прифатија и од фудбалската федерација на Србија, но очигледно не ги почитуваат сите исто. На дуелот меѓу Синџелиќ и Жарково, во рамките од Прва српска лига (втор ранг во натпреварувањето), фудбалерите и судиите се поздравија, испогушкаа како да не постои превентивното правило за забрана за поздравување и непотребно гушкање.

- Оглас -

Најнови вести