Во Тајван игра како кошаркарски Супермен, невидена партија на Двајт Хауард! (Видео)

Некогашната НБА-ѕвезда Двајт Хауард дебитира во тајванското првенство и средбата ја заврши со неверојатни статистички податоци.

Хауард неодамна си замина од Лос Анџелес лејкерс, во минатата сезона имаше просек од 6,2 поени и 5,9 скока по меч, а на свој прв меч во Тајван играше како кошаркарски Супермен.

Хауард во победата на својот тим придонесе со 38 поени, 25 скока, 9 асистенции, 4 блокади, а погоди и две тројки. Во НБА Хауард ретко шутираше за три поени, а во Тајван има целосна слобода, па за тројка шутна дури десет пати.

По ова можеби пак ќе добие понуда од некој НБА-тим:

- Оглас -

Најнови вести