Во Торино е еуфорично – Влаховиќ ќе биде новиот ЦР7 (ФОТО)

Душан Влаховиќ во наредните денови и официјално треба да биде претставен како нов играч на Јувентус.

Старата дама ги договори условите со Фиорентина и трансферот некаде би требало да изнесува 75 милиони евра. Во Торино е еуфорија и со нетрпение се очекува доаѓањето на Влаховиќ, а „Тутоспорт“ дозна кој број ќе го добие напаѓачот.

Тоа е бројот седум, којшто до минатата сезона го носеше Кристијано Роналдо, па така овој весник не ја пропушти можноста да напише дека Влаховиќ ќе биде новиот ЦР7.

Останува да се види дали Србинот ќе ги исполни очекувањата и ќе игра на истото ниво како во Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести