Во Требиње прекипе босанскиот лонец- Се тепаа гостинските тренери со фудбалер на домаќините (Видео)

Мечот во Требиње меѓу Леотар и Зрињски имаше трето полувреме, опасен инцидент и тепачка меѓу гостинските тенери и домашните играчи откако во регуларниот дел резултатот беше нерешен 1:1.

Третото полувреме беше со боксови, а го почна тренерот на првопласираната екипа во лигата на БиХ, Сергеј Јакировиќ, кој го нападна капитенот на Леотар, Ѓоко Миловиќ.

Потоа на Јакировиќ му се приклучи и неговиот помошник Марин Иванчиќ, кој беше највоинствен во големиот инцидент.

Зрињски беше голем фаворит против фенерџијата Леотар, но не победи и веројатно тоа е причината за неспортскиот однос на двајцата тренери на гостите.

За Леотар од 69-тата минута играше македонскиот интернационалец Бобан Георгиев.

- Оглас -

Најнови вести