Во три часот наутро им распукаа огномет за да ги разбудат и да бидат уморни пред клучниот меч (Видео)

Навивачите на Олимпик Марсеј подготвија непријатен дочек за фудбалерите на Тотенхем пред вечерашниот клучен меч што треба да одлучи која екипа ќе се пласира во осминафиналето од Лигата на шампиони.

За да се вознемиран фудбалерите на Тотенхем, домашните фанови во сред ноќ, односно околу три часот наутро активираа огномет, и тоа во непосредна близина на хотелот во кој беа сместени гостинските фудбалери.

По вечерашниот дуел ќе видиме дали тоа бил огномет што ќе донесе радост за домаќините или само начин за гостите да бидат помотивирани да стигнат до својата цел.

Сите калкулации околу евентуалниот расплет во оваа група, може да ги прочитате ТУКА.

https://twitter.com/i/status/1587414592749293570

- Оглас -

Најнови вести