Во цел свет денеска се играше само еден меч и на тој падна еврогол (Видео)

Во целиот фудбалски свет за денеска имаше закажано само еден натпревар, и тоа во рамките од третото коло на првенството на Таџикистан. Коктош на домашен терен играше против Куџанд, а мечот заврши 1:1.

Домаќините поведоа со голот на Расулов во 42-рата минута, а на почетокот на вториот дел Фатхулов израмни, па на крајот двата тима освоија по еден бод. Иако се работи за меч од Таџикистан, се потврди дека фудбалска мајсторија може да се види на кој било дел од светот. Така беше и овојпат, погодокот на Расулов беше вистинско ремек-дело.

- Оглас -

Најнови вести