Во Црна Гора вчера заврши доигрувањето за пласман во Втората лига. Трите екипи учествуваа во баражите, кои се играа во група, а во последниот меч се сретнаа екипите на Будва и Зета. Екипата на Ибар во пресрет на последното коло беше прва на табелата и само доколку другите две екипи одиграа реми најмалку со четири гола, но и потоа ако Будва победеше на пенали, не обезбедуваа пласман во повисок ранг.
За чудо, токму тоа и се случи. Зета до 32-рата минута имаше висои 0-3, но Будва успеа да израмни на 3-3 до 54-тата минута, а потоа ништо не се случуваше сè до пеналите, по кои Будва успеа да победи со 4-2 и така двете екипи да се пласираат во второлигашката конкуренција.
Црногорскиот фудбал неодамна беше во центарот на вниманието поради наводното пуштање на мечот помеѓу Младост и Дечич во прволигашката конкуренција.