Во уште една наша соседна земја финалето на Купот ќе се игра со публика

Бугарите одлучија финалето на фудбалскиот куп да се игра со публика. Финалето е закажано за 1 јули и ќе се игра на националниот стадион „Васил Левски“ во Софија, а клубовите ЦСКА Софија и Локомотив Пловдив, кои ќе се борат за трофејот, ќе добијат по 2.000 билети, што значи дека сепак нема да биде полн стадионот, но ќе има „галама“ и навивачки дуел.

За да се запази правилото за одржување дистанца од 1,5 метар меѓу гледачите, одлучено е на сите четири трибини да има по 1.000 луѓе (две трибини со фанови на ЦСКА и две со поддржувачи на Локомотив), со што би се исполниле условите за безбедност.

„До вчера имаше сериозна варијанта финалето да се игра без публика. Беше многу важно како ќе мине средбата на ЦСКА и Ботев. Ги повикуваме фановите да ги почитуваат мерките”, изјави генералниот секретар на Професионалната фудбалска лига, Атанас Караиванов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести