Во услови на пандемија се снаоѓа кој како може – И ракометарите на Пелистер почнаа на фудбалски терен (Фото)

И ракометарите на Еурофарм Пелистер ги почнаа подготовките за новата сезона на отворено, на фудбалски терен. Во услови на панедмија со Ковид-19 не може да се работи во сала, па принудно ракометните клубови во Македонија ги почнаа подоготвките на фудбалски терени.

По се уште актуелниот европски првак Вардар по ист терк почна и уште еден ракометен гигант кај нас Пелистер.

Под команда на тренерот Жељко Бабиќ пелистерци се подготвуваат за пат, а од утре во следните две недели ќе тренираат во Маврово.

Потоа следи учество на традиционалниот турнир во Струга, па настап и на турнир во Атина, Грција како посготовка за настап во СЕХА лигата и во Европа Лигата на ЕХФ.

Пелистер заедно со Вардар нема да игра во првата фаза од домашниот шампионат, а ќе се приклучат подоцна во плејоф фазата за титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести