Во Вараждин пред 16 години доживеавме ракометна ренесанса (Видео)

Убави спомени ја врзуваат македонската ракометна репрезентација со настапи на Светско првенство во хрватскиот град Вараждин.

Не може да се заборави јануари 2009 година кога на десетгодишнината од првиот настап на Светско, во Вараждин ги победивме Алжир, Полска (тогашен актуелен светски вицепрвак) и Русија, што беше доволно за пласман во следната фаза и првпат стигнавме меѓу 12-те најдобри на светот.

На тоа СП, Кирил Лазаров кој сега е наш селектор, постигна дури 92 гола, што е рекорд на мундијалите. На петте меча во Вараждин, Лазаров секогаш постигнуваше барем 9 голови. Фалангата беше на ниво, македонските фанови ја обоија салата во црвено и жолто, Лазаров и другарите како да играа дома.

Тоа беше првиот блесок на генерацијата предводена од Лазаров, Мојсовски, Миркуловски, Ристовски, и останатите херои предводени од селекторот Илија Темелковски.

Македонија играше во Вараждин и на ЕП 2018 година, во втората фаза. Тогаш немавме резултатски успех, но сеќавањата на 2009 се прилично свежи и би сакале да се повторат еуфоријата и резултатите од тоа Светско првенство.

- Оглас -

Најнови вести