Во Волт Дизни центарот ќе има драма, Торонто го сонува ланското сценарио од седмиот меч против Филаделфија

Торонто репторс и Бостон селтикс рано утрово ќе го играат последниот меч од полуфиналето на источната конференција. Победникот ќе ја продолжи битката за трофејот, а за поразениот завршува сезоната. Рептилите се актуелни бранители на тронот, а Бостон секако е еден од фаворитите сезонава.

НБА фановите се сеќаваат дека Торонто и лани беше во слична ситуација. Против Филаделфија играа седми меч и тоа беше неверојатна драма. На 4 секунди до крајот беше 90:90, а Торонто го имаше последнито напад. Каваи Ленард шутна со звукот на сирената и погоди за победа. Торонто се пласираше во следната фаза, а на крајот тимот од Канада стигна и до првата шампионска титула.

Сега повторно Торонто игра седми меч во конференциското полуфинале и сигурно сонува за ист епилог како лани. Во Sport Life има огромна понуда за типување на овој меч. Освен на конечниот резултат и бројот на поени, може да се обложите и на тоа кој кошаркар колку поени ќе даде, колку скока и асистенции ќе направи, колку загубени топки ќе има, Дали и колку тројки ќе погоди, ќе има ли доволен број на блокади и уште многу други игри.

Вечерва ќе играат и Лос Анџелес клиперс против Денвер. Тимот од ЛА со победа ќе обезбеди место во финалето на Запад.

 

- Оглас -

Најнови вести