Во вторите лиги само еден гостин даде гол, а и тој загуби

Домашните тимови доминираа во денешните натпревари од втората македонска лига.

На Западот, Вардар го победи Кадино со 4-0, со истиот резултат Воска го надигра Велешта, Силекс со минимални 1-0 славеше над Охрид, а по 2-0 триумфираа Тетекс против Гостивар и Беса против Кораби.

На Истокот, Слога Виница остана лидер по победата од 2-1 над Детонит јуниор, и ова беше единствен меч на кој гостите дадоа гол. Победа и Беласица победија со по 6-0, а Каменица Саса се задоволи со 2-0 против Осогово.

- Оглас -

Најнови вести