Водеше со 6:1, 5:1 и 40:15, но на крајот загуби!

Српскито тенисер Виктор Троицки е поразен на стартот на Челенџер турнирот во Германија. Троицки, кој моментно е на 259-тото место на АТП-листата имаше водство од 6:1, 5:1 и 40:15 против Атила Балеж од Унгарија, но пропушти четири меч-топки и на крајот загуби.

Неговиот противник, кој е на 219-тото место на АТП-листата, успеа да направи неверојатен пресврт. Најпрво го доби вториот сет со 7:6 (4), а во третиот беше подобар со 6:3. Троицки во кариерата има три титули, а најдобар пласман во кариерата му беше 11-тото место на АТП-листата, во јуни 2011 година.

Интересно е тоа дека само пред еден месец Тара Мур успеа да се врати по негатива од 0:6, 0:5 и 30:40 и да триумфира, а сега и Балеж прави неверојатен пресврт.

- Оглас -

Најнови вести