15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Војдан Стојановски со победа се прости од публиката во По

Победа за екипата на Војдан Стојановски и пораз за тимот на Ненад Димитријевиќ, е билансот на македонските репрезентативни кошаркари во вечерашните мечеви во европските натпреварувања.

Стојановски за последен пат играше за По Ортез во салата во која овој клуб е домаќин. Војдан последниот меч во дресот на По ќе го одигра против Монако на 18 јануари, а потоа заминува во Гравлен Данкерк. Капитенот на македонската репрезентација вечерва даде 5 поени за 24 минути игра во победата над шпански Сан Пабло Бургос од 80-76. И покрај победата, францускиот тим нема големи шанси да се пласира во следната фаза на Лигата на шампионите на ФИБА.

Во Топ фазата на Еврокупот, Уникаха во Малага го доби шпанското дерби против Хувентуд со 90-84, па сега двата тима имаат по една победа и пораз. Димитријевиќ кој игра за Хувентуд, беше прв стрелец во својот тим со 16 поени и четири асистенции за 22 минути игра.

- Оглас -

Најнови вести