„Војна“ меѓу тренерите на Јунајтед и Сити за тоа дали голот на Бруно е регуларен

Манчестер сити загуби на гостувањето од градскиот ривал Манчестер јунајтед, а тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола имаше забелешки на судењето. Шпанскиот стратег како и сите во таборот на Сините, негодуваше по одлуката на главниот судија да го признае погодокот на Бруно Фернандеш со кој Јунајтед израмни на 1:1.

„Рашфорд беше во офсајд, а тој трчаше и им попречуваше на нашиот голман и на дефанзивците. Знаеме на кој стадион игравме. Тука воопшто не им е лесно на судиите“, беше коментарот на Гвардиола по мечот.

За разлика од Гвардиола, тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг вели дека погодокот е регуларен. „Ако ги знаете правилата, ова е чист гол. Рашфорд не попречи никого“, рече Тен Хаг.

Манчестер јунајтед со оваа победа стигна до 38 бодови и е трет на табелата, додека Сити остана на 39 бодови и е на второто место во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести