„Војна“ на улиците на Торино, дербито воопшто и не започна (Видео)

Јувентус вечерва треба(ше) да ја води клучната битка за пласман во Лигата на шампионите и тоа против градскиот ривал Торино. Сепак, мечот воопшто не започна во предвидениот термин од 20:45, како и останатите натпревари од последното коло на Серија А.

Причина се нередите кои во текот на целиот ден се случуваат низ улиците на Торино, физичките пресмети помеѓу групи навивачи на двете екипи, но и судирите со полицијата. Официјалното објаснување за доцнењето на мечот се „безбедносни причини“, иако неофицијално има повредени навивачи во судирите, а дел од нив веројатно се и во критична здравствена состојба.

 

- Оглас -

Најнови вести