Војска ли е, репрезентација ли е? Две ѕвезди од ПЛ принудени да ги сменат фризурите по наредба од селекторот (фото)

Ријад Марез и Саид Бенрама, двете ѕвезди на Премиер лигата, мораа да ги префарбаат косите во темна боја пред враќањето во репрезентацијата, односно да ја отстранат шатираната „плава“ боја по наредба од селекторот Џамел Белмади.

Според селекторот Белмади, фудбалерите не треба да обрнуваат толку внимание на изгледот, односно својата спортска дисциплина да ја покажат така што фризурите ќе им бидат традиционални.

„Фудбалот е спорт на кој не му се потребни украси. Сите треба да имаат традиционален изглед кога ја претставуваат својата репрезентација“, истакна Белмади за тамошните медиуми.

- Оглас -

Најнови вести