Волчицата го пушти бесплатно, веднаш ги казни – Педро со подвиг што не се случил 63 години (Видео)

Педро ја казни Рома со гол за Лацио во вечното римско дерби, а Шпанецот кој бесплатно си замина од едниот во другиот клуб од Рим е стрелец на вториот гол на денешното дерби во Серија А.

Шпанецот погоди во 19. минута,а Лацио води со 2:1 по првото полувреме. Интересно е што Педро приреди подвиг и по цели 63 години стана само вториот играч што давал голови и за Рома и за Лацио во иста година.

Педро летово без отштета си замина од Рома и потпиша за Лацио и вечерва со гол го израмни рекордот на Арне Селмосон од 1958 година. Швеѓанецот играше и за Лацио и за Рома, а и за двата клуба постигнуваше голови во иста година, исто како и Педро.

Првиот гол за Лацио вечерва го постигна Сергеј Милинковиќ-Савиќ во десеттата минута, а Педро беше прецизен девет минути подоцна.

Голот на Педро можете да го погледнете ОВДЕ. 

Во 41. минута гол за Рома постигна Ибањез за намалување на 2:1 по првиот дел.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести