Волчицата од Рим ја освои Москва

Рома мина тешка пречка во четвртото коло од Лигата на шампионите, а победата против ЦСКА Москва со 2-1 ја води на врвот на табелата.

Валенсија на „Месталја“ конечно победи, за првпат во овој циклус од Лигата на шампионите, а триумфот од 3-1 против Јанг бојс ја остави во игра за првите две места кои водат во нокаут-фазата.

Един Џеко не беше расположен за голови вечерва во Москва, но умешно го заменија Костас Манолас и Лоренцо Пелегрини за триумфален поход на „волчицата“ во главниот руски град.

Рома славеше со 2-1, а почесниот погодок за домаќините го постигна Сигурдсон.

На „Месталја“ конечно имаше причини за радост на навивачите на Валенсија. Карлос Солер двапати асистираше до Санти Мина, а потоа и самиот постигна гол по додавањето од Родриго за убедлива победа на „лилјаците“ од 3-1. Роже Асале беше стрелец на почесниот погодок за швајцарскиот првак.

- Оглас -

Најнови вести