„Волчицата“ се разбуди во вториот дел – Тричковски и АЕК одиграа триумфално, Фенер со голчиште се спаси од пораз (ВИДЕО)

Откако по првото полувреме Рома и ХЈК одиграа 0:0, во вториот дел фаворитот ја оправда улогата и со головите на Паоло Дибала (47′) Лоренцо Пелегрини (49) и Андреа Белоти (68′) запиша триумф од 3:0 против ХЈК Хелсинки.

Иван Тричковски, пак беше капитен и одигра 64 минути во победата на АЕК Ларнака над Динамо Киев од 1:0.

Стрелец на единствениот гол беше Адам Ѓурцо во осмата минута.

Езџан Алиоски влезе во 57-мата минута, но и покрај тоа Фенербахче не успеа да се спаси од пораз и загуби од Рен со 2:1.

Мартин Териер даде гол за домаќините во 52-рата, а само две минути подоцна домаќините ја дуплираа предноста и поведоа со 2:0.

Прекрасниот гол на Ирфан Џан Кавечи во 60-тата минута беше најава за враќањето на гостите од Турција, кои дојдоа до бодот со голот на Енер Валенсија, и тоа од пенал во 93-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести