Волкановски ја одбрани титулата и изедначи рекорд на Хабиб Нурмагомедов во УФЦ!

Австралискиот ултимејт фајт борец со македонско потекло, Александар „Велики“ Волкановски (33), по трети пат го победи Американецот Макс Халовеј во битка за титулата во перолесна категорија во организацијата УФЦ.

Волкановски победи со едногласна одлука на судиите. Алекс стана прв борец кој трипати победил еден ист противник во борба за титула во УФЦ. Претходно, Волкановски го победуваше Халовеј и во 2019 и 2020 година.

За Волкановски, ова е 12-та победа во 12 борби во УФЦ, и стана само четвртиот борец кој на првите 12 борби во УФЦ немал пораз. Другите тројца се Андерсон Силва, Хабиб Нурмагомедов и Камару Усман.

- Оглас -

Најнови вести