Кристијано Роналдо со поддршка за Волкановски пред битката со Топурија! (Фото)

УФЦ шампионот во перолесна категорија, нашинецот Александар Волкановски, даде своја прогноза за борбата против грузискиот Шпанец Илија Топурија в сабота во Анахајм.

„Предвидувам дека ќе му одржам добра лекција. Ќе се засрами. Не велам дека ќе биде лесна борба, но ќе изеде некои од неговите зборови. Млад е, самоуверен е, но ќе го потчинам. Ќе му дадам добар ќотек. Мислам дека ќе победам во втора рунда. Ќе го здробам во прва, а ќе го докрајчам во втора рунда“, вели македонскиот Австралиец.

Инаку славниот фудбалер Кристијано Роналдо преку „Инстаграм“ му даде поддршка на популарниот Александар Велики. На една од објавите на Волкановски, Роналдо му искоментира: „Напред шампионе“.

- Оглас -

Најнови вести