„Волкот“ Раул е победник на денот, заигра првпат по тешката повреда на главата

Раул Хименес, ѕвездата на Вулверхемптон, вчера за првпат по осум месеци се врати на фудбалските терени потврдувајќи дека тешката повреда на главата е зад него.

Мексиканскиот голгетер одигра 34 минути во пријателскиот меч против Кру Aлегзандра кој Волците го загубија со 1-0.

Повредата на главата ја здоби во ноември минатата година, при воздушен дуел со Давид Луис во мечот против Арсенал од Премиер лигата, по што Хименес заврши на операција на черепот и помина долга рехабилитација.

https://twitter.com/Wolves/status/1416407720840859650

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести