Волшебен е Вашингтон во април, ваква серија немале од ерата на Мајкл Џордан

Бредли Бил и Расел Вестбрук играат сè подобро заедно како тандем олстар-кошаркари за Вашингтон визардс, а Волшебниците од главниот град на САД ја забележаа и осмата победа по ред, нешто што не им се случило точно 20 години.

Иако губеа од Кливленд кавалирс на почетокот на последната четвртина со 8 поени разлика, на крајот славеа со 119:110 и потсетија на ерата кога за нив играше легендарниот Мајкл Џордан.

Во 2001 на почетокот на сезоната Ем-Џеј пристигна во Вашингтон, каде што и ја заврши кариерата во 2003 година. На стартот од последната авантура како активен кошаркар Џордан му помогна на тимот да наниже 8 победи по ред и оттогаш до денес минаа точно две децении од повторување на подвигот и нова осумка без пораз на Визардс.

Бредли Бил постигна 33 поени како најефикасен поединец на мечот и ја продолжи мртвата трка за најдобар стрелец во регуларниот дел на НБА-сезоната.

Бил има просек од 31,1 поени и е веднаш зад лидерот Стефон Кари со 31,3 поени во просек. Вестбрук е најдобар асистент во Лигата со 10,9 прецизни додавања на меч и единствен со двоцифрен просек во оваа категорија во НБА-лигата.

Вашингтон со серијата од 8 победи успеа да се пробие до 10-тата позиција во Источната конференција, последна што гарантира настап во првата фаза од плејофот.

 

- Оглас -

Најнови вести