Волшебниците не можат никого да победат во Дизниленд

Оклахома Сити тандер го победи Вашингтон визардс со 121-103, со што тимот од главниот град на САД остана без триумф, откако сезоната во НБА-лигата продолжи да се игра во комплексот „Светот на Дизни“. Визардс е единствен тим со ваква црна серија, сите други победија барем еднаш во новите услови во кои се игра.

Дебитантот Дариус Базли изненади со личен рекорд од 23 поени влегувајќи како резерва, а Данило Галинари придонесе со 20 поени. Вашингтон нема шанса да влезе во плејофот, има 0-6 по рестартот на сезоната, па и не треба да чуди што прв стрелец им беше резервистот Џером Робинсон со скромни 19 поени.

- Оглас -

Најнови вести