Вон не може да скија како порано, ѝ се ближи крајот на кариерата

Линдзи Вон изминатиов викенд се врати на скијачките патеки по паузата од неколку месеци поради повреда на коленото. На патеката во италијанскиот скијачки центар „Кортина д`Ампецо“ во Светскиот куп, Вон на првата трка го освои 15-тото место, додека ден подоцна беше дисквалификувана, а во интервју за австриска телевизија со солзи истакна дека поради болки не може да продолжи да скија.

„Не сакам да престанам, но болките се премногу силни. Мислам дека за последен пат скијав, морам да донесам одлука што побрзо, не можам да скијам и на 40 или 50 години. Моето тело ме спречува да го направам она што сакам, не можам да скијам исто како порано. Моето тело нема да го издржува овој напор уште долго време, ќе прекинам да се натпреварувам за да немам тешкотии во иднина“, истакна Вон.

Се очекуваше „снежната кралица“ да се појави на Светското првенство кое ќе се одржи во Шведска во февруари, како и на спуст и суперџи трките на „Гармиш-Партенкирхен“ претстојниов викенд.

Во својата 17-годишна богата кариера, Вон се закити со бројни олимписки медали, двапати беше светска шампионка, додека освои четири Кристални глобуси.

 

- Оглас -

Најнови вести