Вориорс без Кари, Томпсон и Грин губеше 15 разлика по три четвртини, а сепак победи (Видео)

Голден стејт вориорс ја извојува својата седма победа едноподруго во НБА-лигата, а овојпат можеби и најголема од сите седум поради начинот на кој ја остварија.

Без ѕвездите Кари, Томпсон и Грин, а не играа ни Игудала, Вигинс, Портер, Бјелица, Воините на гостувањето кај Сан Антонио губеа со 15 поени разлика на крајот на третиот период, но се разиграа во последните 12 минути и направија голем пресврт за победа од 124-120.

Јунаци беа Џордан Пул со 31 поен и клучна тројка, Демиен Ли со 21 поен и дебитантот Џонатан Куминга, кој даде 19, од кои дури 14 поени во последната четвртина.

Силниот Феникс санс предводен од 35-те поени на Девин Букер, го победи Бруклин нетс со 121-111 и дојде до 11-тата победа по ред. За Нетс ова е петти пораз едноподруго. Санс има биланс 41-9 и тоа е нивен клупски рекорд по број на победи по 50 одиграни мечеви.

Јанис Адетокумбо со 33 поени, 15 скока и 11 асистенции го направи својот четврти трипл-дабл сезонава и го предводеше Милвоки до победа над Вашингтон од 112-98.

https://twitter.com/i/status/1488754057141370880

- Оглас -

Најнови вести