Вориорс на тежок испит кај разиграниот Сан Антонио

Сан Антонио спарс – Голден стејт вориорс (01.00 часот)

На Западот има голема мешаница од четвртото до осмото место, па за Сан Антонио секој пораз или победа е чекор напред или назад на табелата. Вориорс ќе го брани врвот, но нема да му биде лесно бидејќи Спарс има осум победи по ред, од кои шест беа дома. „Мамузите“ во своја сала не загубиле од 21 јануари. Кај гостите, неизвесен е настапот на Казинс.

Предлог тип: >223.5 (1.87)

 

Бостон селтикс – Денвер нагетс (00.30 часот)

За Денвер ова е прво од четирите гостувања по ред. Ајзеја Томас првпат ќе игра во „ТД Гарден“ како гостински играч, откако од Бостон беше трампан во Кливленд пред две години, а сега е член на Нагетс. Двата тима имаат само по еден пораз на претходните пет меча. Денвер заостанува една победа зад лидерот на Западот, додека Селтикс ја брка Индијана за четвртото место на Истокот.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

Кливленд кавалирс – Детроит пистонс (00.00 часот)

Детроит мора да победи ако сака што побрзо да си го обезбеди шестото место. Пистонс оди на трета победа по ред, а Кавалирс сака да прекине низа од три порази. Домашните имаат проблеми со повредени играчи. Пистонс имаат четири победи по ред во меѓусебните дуели и големо изненадување би било ако не дојдат и до петтиот триумф едноподруго против „коњаниците“.

Предлог тип: 2-2 (1.70)

 

Сан Хозе шаркс – Вегас голден најтс (03.30 часот)

„Ајкулите“ од Сан Хозе имаат два порази по ред, двата беа дома, а веќе на три средби едноподруго примаат по четири гола. Тимот од Лас Вегас загуби само двапати на последните десет меча, а и двата пати кога беше поразен примаше по шест гола. И традицијата најавува дека ќе паднат барем пет гола.

Предлог тип: >5.50 (1.57)

 

Тампа беј лајтнинг – Аризона којотс (00.30 часот)

Најдобриот тим во НХЛ има четири победи по ред и важи за фаворит. Есеноска, „којотите“ ги растурија „молњите“ со 7-1 и ова е мотив плус за реванш. Како мотив плус, Тампа Беј три години нема победено на свој терен против Аризона. Којотс се осми на Западот и триумфот многу би им значел.

Предлог тип: 1 (1.67)

- Оглас -

Најнови вести