Воска не сака Комити на трибините на неделното дерби, реакција од Вардар и навивачите!

Фудбалскиот клуб Воска спорт вчера испратила писмо до ФФМ, до Комисијата за безбедност и до ФК Вардар,во кое најавува дека не сака да прими организирана навивачка група на Вардар на неделното дерби од втората лига.

Црвено-црните од Скопје денеска со соопштение побараа од Воска да бидат примени Комитите бидејќи на стадионот има услови, а и фудбалот се игра за публика.

„ФУДБАЛОТ СЕ ИГРА ЗА НАВИВАЧИТЕ! Во недела го играме најважниот натпревар, против екипата на Воска. Како вистински домаќини, секогаш сме правеле напор, заедно со нашата навивачка група Комити Запад да обезбедиме присуство на гостински навивачи на нашиот стадион. Затоа очекуваме дека управата на ФК Воска ќе постапи согласно спортската здрава логика и дека ќе дозволи влез на нашите навивачи на стадионот во Охрид бидејќи сите сме свесни дека постојат објективни услови за споредување на таа одлука! Како клуб, целосно го подржуваме барањето на нашите навивачи. Сметаме дека тоа е најмалку што можеме да направиме за луѓето кои целиот свој живот го посветуваат на клубот. Заедно сме во оваа борба, до крај! СЕ ГЛЕДАМЕ ВО ОХРИД!“, објавија Вардарци.

Комитите најавуваат дека нема да ја почитуваат забраната.

„Аматерските, необјективни и тенденциозни одлуки со цел забрана за гостински навивачи ги одбиваме во целост! Постои само една одлука, која стапува на сила веднаш, а тоа е: ИНВАЗИЈА НА ОХРИД! Натпреварот против Воска е финалето на целата сезона, на целата наша борба. Ние сме Вардаровото најсилно оружје, затоа, мобилизација! Да не дозволиме поигрување со групата – да бидеме со Вардар кога е најпотребно. Нема никој да ни забрани! СИТЕ ВО ОХРИД“, порачува 12-тиот играч на најтрофејниот македонски клуб.

- Оглас -

Најнови вести