Воведно коло во МЛС лигата, а веќе го имаме најдобриот гол на сезоната (видео)

Сиетл саундерс со убедлив триумф од 4-0 над Минесота ја отвори новата сезона во МЛС лигата, во кој веќе е виден можеби најубавиот гол во новото издание на фудбалскиот шампионат во САД.

Жоао Пауло со маестрален волеј од околу 25 метри ја најави големата победа на домаќините. Се играше 49-тата минута кога Сиетл кружеше пред противничкиот шестнаесетник и бараше простор да се закани, топката стигна до Пауло, кој прво ја смири со колено и се намести да го испрати незадржливиот проектил.

Во меѓувреме и Хјустон дајнамо со победа од 2-1 против Солт Лејк ертквејкс ја почна сезоната 2021 во МЛС.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1383257462292185091

- Оглас -

Најнови вести