Возачот на Мерцедес не верува во својот болид

Возачот на Формула 1 тимот Мерцедес, Џорџ Расел, изјави дека не очекува неговиот тим да победи на првата трка во новата сезона која започнува со трката за Големата награда на Бахреин.

Вчера започнаа тестирањата за новата сезона чиј старт е закажан за 5-ти март, а Расел не верува дека Мерцедес ќе ја започне со победа.

„Секако дека во еден момент ќе имаме болид со кој ќе можеме да се бориме за победите, но малку веројатно е дека тоа ќе биде на првата трка во сезоната, во Бахреин“, изјави Расел.

Британецот кој заедно со сонародникот и седумкратен шампион, Луис Хамилтон, го сочинува тандемот возачи на Мерцедес, на првите тестирања е импресиониран од болидите на Ред Бул.

„Болидите на Ред Бул изгледаат импресивно. Болидот им изгледа добро, а и Макс е добар. Реално гледано, ќе биде тешко првиот викенд, но нема причини зошто во еден момент да не бидеме и ние таму каде што сега е Ред Бул. Ја знаеме силата на Мерцедес“, додаде Расел.

- Оглас -

Најнови вести