Возбудувања во Англија, Шпанија, Италија…

1091 Стокпорт – Чарлтон (20:45 ч.)

Реванш дуел од ФА Купот, а Стокпорт кој е четвртолигаш е домаќин на Чарлтон од третата лига. Пред 10-тина дена Чарлтон дома не успеа да победи и одигра само 2:2, кога Стокпорт израмни во 90+7 минута.

Тој меч треба да е само потврда дека вечерва ќе има уште една возбудлива битка на овие две две екипи, а секако и повеќе голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

3011 Тернана – Калјари (20:30 ч.)

Дуел на две екипи кои како да заборавија што значи победа во Серија Б во Италија. Тернана има три порази и три реми во последните шест кола, а Калјари ремизираше на последните пет дуели, а претходно имаше и два пораз, што значи дека седум средби е без триумф.

Во последните 22 години овие два клуба играле девет пати, а дури осум биле со не повеќе од два гола. Тернана сезонава дома во седум средби има само еден пораз, па и сега е со големи шанси да освои барем еден бод.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.45)

 

1316 Тенерифе – Алавес (21 ч.)

Голем предизвик е ова за Тенерифе кој го пречекува Алавес, клуб кој се бори за највосок пласман во втората шпанска лига.

Во 18 кола, Алавес има само два порази и многу внимава на дефанзивниот ред, па не случајно на осум од последните 10 меча игра со резултат во кој нема повеќе од два погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.73)

 

1606 Ел Геиш – Замалек (18 ч.)

Замалек нема пораз по првите четири кола, но билансот од две реми и две победи, сигурно не е посакуваниот старт за фаворитот. Ел Геиш на последните два меѓусебни дуели победи со 1:0, но тоа само е знак дека Замалек треба да одигра максимално сконцентрирано за да ги освои трите бода.

Предлог тип: 2 (1.90) – предлог од Супертип

 

3174 Домжале – Целје (17:30 ч.)

Меч од првата лига во Словенија, а гостите имаат поголеми шанси да стигнат до трите бода. Целје моментно е втор на табелата со 31 бод од 18 кола, а Домжале освои 25 бодови во истиот период.

На четири од последните пет меѓусрбни дуели, на крајот имало меѓу 2-3 гола, а во овој период три пати било гол-гол комбинација.

Предлог тип: 2-3 гола (1.89)

- Оглас -

Најнови вести