Вози Мишко во урнебесната епизода со таксистот Михајловиќ

Синиша Михајловиќ се нашол во урнебесна ситуација на почетокот на престојот во Џенова, каде беше играч на Сампдорија, а опасниот топџија за момент станак и таксист, раскажува неговиот пријател и сегашен селектор на Италија, Роберто Манчини.

„Се сеќавам дека купи спортски автомобил со жолта боја и еден дена замина да ја земе сопругата Аријана. Се паркираше токму пред една станица и чекајќи во автомобилот му влезе човек, мислејќи дека е такси возило. Што бараш овде луто праша Михајловиќ, а човекот му се извини мислејќи дека влегува во такси возило. Да му го видевте само лутиот израз на лицето“, раскажува Манчини.

Роберто и Синиша играа заедно за два клуба, Сампдорија и Лацио, а потоа соработуваа и во тренерските кариери во Интер. Манчини беше шеф на стручниот штаб на Нероаѕурите, а Михајловиќ му беше помошник во периодот од 2006 до 2008 година.

Моментно Манчини е селектор на италијанската фудбалска репрезентација, а српскиот стратег е тренер на Болоња.

- Оглас -

Најнови вести