Вреди да се види и одбраната на Оспина и реакцијата на коментаторите (Видео)

Давид Оспина лошо го почна мечот на голот на Наполи против Интер, прими погодок директно од корнер во втората минута, но потоа правеше чуда на голот на финалистот во Купот на Италија.

Кристијан Ериксен го изненади Колумбиецот на самиот почеток на реванш полуфиналето и му даде гол од аголот.

https://twitter.com/kksports_gh/status/1271886654140289024?s=20

Во продолжението на мечот славеникот Дрис Мертенс го постигна рекордниот 122. гол како играч на Наполи, што беше доволно за реми во реваншот, резултат што го однесе Наполи во финалето против Јувентус.

https://twitter.com/juniormaruwa/status/1271898170499489794?s=20

Потоа главната улога ја превзеде Оспина со неколку одлични интервенции и главната одбрана во 82. минута. Со реакција на мачка му го одбрани ударот на Ериксен и му се реваншираше за голот на почетокот на мечот.

Атрактивниот потег на Колумбиецот не ги остави рамнодушни љубителите на фудбалот, а погледнете каква беше реакцијата по извонредната одбрана на Оспина во финишот на мечот.

https://twitter.com/IFTVofficial/status/1271908628715450368?s=20

- Оглас -

Најнови вести