Вреди ли? УЕФА ќе му компензира на Истанбул за финалето во ЛШ со утешна награда

УЕФА се подготвува за компензација што ќе му ја понуди на Истанбул за загубените две финалиња по ред во Лигата на шампионите со понуда Суперкупот на Европа да се игра на „Ататурк“ стадионот на 11. август.

Оштетен во целиот галиматијас ќе биде Белфаст, град во Северна Ирска што требаше да биде домаќин на двет енајдобри европски екипи сезонава, победникот во Лигата на шампионите и најдобриот тим во Европа Лигата.

Истанбул и лани и годинава во последен час ја загуби можноста да биде организатор и домаќин на најважниот клупски меч во сезоната, финалето во Лигата на шампионите.

Лани во екот на пандемијата со корона-вирус Лисабон го замени Истанбул, а годинава на само три недели пред да се игра мечот за титулата европски првак меѓу Челзи и Манчестер сити, Истанбул повторно извиси и нема да биде домаќин.

Вчера УЕФА донесе коначна одлука Порто да биде организатор на мечот за пехарот во ЛШ на 29. мај.

Финалето во Европа Лигата ќе се игра три дена порано меѓу Манчестер јунајтед и Вилјареал во полски Гдањск.

 

- Оглас -

Најнови вести