Време е да се сруши традицијата, а коефициентот за тоа е одличен

Вулверхемптон го пречекува Вест хем во еден од двата денешни меча во Премиер лигата, а домаќините се под притисок да победат и да може дополнително да избегаат од зоната за испаѓање. Волците на свој терен имаат по пет победи, пет порази, плус четири нерешени со гол-разлика од 15 дадени и 15 примени гола. Вест хем е во ситуација да се бори дури и за место кое води во Лигата на шампионите и евентуална победа и три освоени бода на ова гостување, ќе ги донесе Чеканите на четвртото место на табелата.

Претходните дуели на Вулверхемптон и Вест хем носат една интересна традиција. На последните седум меча се случило барем една од екипите да не постигне погодок, односно да биде НГ. Ако верувате во продолжување на традицијата, квотата барем за една од двете екипи денеска да не даде гол е 1.76 во Sport Life.

Примамлива е понудата да биде ГГ (гол-гол), односно двете екипи да постигнат погодок, а квотата за тоа е 1.99. Во Квоти на денот, понудата за овој меч е ГГ прво/второ, а коефициентот за тоа е 2.90.

Последни седум меѓусебни меча на Вулверхемптон и Вест хем:

Вест хем – Вулверхемптон 4:0

Вест хем – Вулверхемптон 0:2

Вулверхемптон – Вест хем 2:0

Вулверхемптон – Вест хем 3:0

Вест хем – Вулверхемптон 0:1

Вест хем – Вулверхемптон 1:0

Вест хем – Вулверхемптон 2:0

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести