Време е Вардар повторно да победи во ЛШ

Вардар е пред нов голем тест во ракометната Лига на шампиони. Европскиот првак денеска гостува кај Мешков Брест, кај тим со кој во изминативе неколку години создаде големо ривалство.

Во изминативе седум години, Вардар и Мешков одиграле вкупно 25 меча во Лигата на шампиони и СЕХА лигата, а македонскиот тиме подобар и има 13 победи, Мешков се радувал девет пати, а три средби завршиле без победник.

На денешниот меч, победата е многу побитна за Вардар, бидејќи Мешков со само два бода во 8 меча е само со теоретски шанси да стигне до место во нокаут фазата.

Добра вест за вардарци е тоа што за овој дуел се враќаат, Кристопанс и Дисингер, а единствено во Скопје остана повредениот Горбок. На првиот меч сезонава во ЛШ, Вардар во Скопје победи против Мешков со 36:31, а отпорот на противникот беше скршен во второто полувреме.

 

- Оглас -

Најнови вести