Време е за 158. „вечно дерби“ во Србија

Партизан и Црвена звезда по 158-ми пат во историјата вечерва ќе ги вкрстат силите. „Вечното дерби“ во Србија оваа сезона прво се игра на домашниот терен на Партизан, но, „црвено-белите“ доаѓаат како фаворити со оглед дека се учесници во Лигата на шампиони и актуелни прваци на Србија.

Без разлика на фаворитската улога на Звезда, Партизан има голем мотив да оди на триумф, особено што не ја почнаа сезоната како што посакуваа. Мотив плус за нив е низата без победа против српскиот шампион, последен пат Партизан славеше на свој терен пред точно две години. Со оглед на фактот дека Звезда во вторникот играше против Наполи во Лигата на шампиони, мечот кој заврши без голови (0-0), заморот кај играчите се чувствува, а тоа Партизан ќе сака да го искористи.

Владан Милојевиќ има една мака во пресрет на големото дерби. Капитенот Вујадин Савиќ поради мала повреда најверојатно ќе го пропушти овој меч, како што го пропушти и последното дерби кое се играше во април. Во тандем со Дегенек во одбраната најверојатно ќе игра младиот Срѓан Бабиќ, па јасно е дека „црвено-белите“ ќе бидат ранливи во последната линија.

Гледајќи ги последните неколку средби, не се очекуваат многу голови, туку цврста битка. Во последните десет средби само три пати имало повеќе од два гола, останатите средби завршувале со по еден гол, само еден гол, или пак 0-0. Во домашното првенство Звезда редовно постигнува три или повеќе погодоци, додека Партизан ретко кога постигнува повеќе од два гола. Според табелата, Звезда има три бода предност во однос на Партизан, со максимални 21 бодови од седум натпревари, додека Партизан одигра еден нерешен резулатат и еднаш претрпе пораз. Сепак, во овој дуел бодовната разлика не игра никаква улога, ниту формата на двете екипи, бидејќи кога играат меѓусебе постои посебна желба за надигрување и победа, па неприфатливо е да се прогнозира конечен исход во завистност од статистиката.

Обложувачите кои се надеваат дека серијата со малку голови ќе продолжи, квотата за 0-2 гола е 1.85, а доколку очекувате дерби во вистинска смисла, украсено со голеада, квотата за 3+ е 1.83, додека за ГГ3+ е 2.15.

 

- Оглас -

Најнови вести