Време е за Челзи да го одбрани домашниот терен против Јунајтед

1009 Челзи – Манчестер јунајтед (17:30ч)

Манчестер јунајтед славеше во Западен Лондон во последните три гостувања, што значи дека е време за Челзи конечно да го одбрани домашниот терен. Лампард не можеше да го пронајде рецептот како да ги спречи Црвените ѓаволи, таа задача сега му остана на Тухел, кој добро се покажа во првите осум дуели како менаџер на Сините со учинок од шест победи и две ремија.

Челзи имаше два дена повеќе за одмор по обврските на екипите во европските купови, што може да биде причина плус за домаќините да стигнат до позитивен резултат. Воедно Сините го бркаат четвртото место на кое е Вест хем и може да го преземе доколку победи, но и на Јунајтед му се важни трите бода за да се одлепи од Лестер со кого го дели второто место со по 49 бода.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.20)

 

1809 Баер Леверкузен – Фрајбург (18ч)

Фармацевтите мора да го следат чекорот со Дортмунд кој вчера убедливо славеше и да ги освои бодовите против Фрајбург за поправање на формата во која Леверкузен има само еден триумф во последните пет меча. Елиминацијата од ЛЕ ќе боли, но сега барем целата концентрација може да се насочи кон што подобар пласман во Бундеслигата.

И Фрајбург не е во сјајна форма, а како причина повеќе што и денес гостите ќе загубат, е подобриот биланс на Леверкузен од три победи и две ремија во петте последни меѓусебни дуели.

Предлот тип: 1 (1.90)

 

3010 Рома – Милан (20:45ч)

Милан веќе четири меча во сите натпреварувања нема остварено победа, што навестува пад во формата на Росонерите. По загубеното дерби од Интер, Милан се мачеше и со Црвена ѕвезда во ЛЕ, што ѝ дава надеж на Волчицата дека „Олимпико“ нема да биде освоен од миланскиот гигант.

Рома е во серија од четири победи на домашен терен, додека Милан е најефикасен гостин во Серија А со учинок од девет победи и по едно реми и пораз, додека офанзивната игра на двете екипи гарантира погодоци во Вечниот град.

Предлог тип: ГГ3+ (1.89)

 

1310 Вилјареал – Атлетико Мадрид (21ч)

За Вилјареал вечерва ќе навиваат и Барселона и Реал Мадрид со надеж да му откине бодови на лидерот во Ла Лига и да ја направи трката за шампионската титула уште понеизвесна. Гигантите се вратија во игра откако Атлетико седум бода во последните пет кола – тимот на Симеоне забележа само еден триумф во последните пет меча во сите натпреварувања.

Ранети од поразот од Челзи во ЛШ, Јорганџиите без двајца клучни играчи гостуваат на „Мадригал“, но и домаќините се во проблеми со повреди, па ќе биде интересно да се види како ќе комбинираат Емери и Симеоне. Претходните меѓусебни дуели најчесто ги добиваше домаќинот, но Вилјареал речиси три и пол години чека на триумф против тимот од Мадрид.

Предлог тип: X2 & 2+ (2.05)

 

2835 Олимпик Марсеј – Олимпик Лион (21ч)

Едно од најголемите дербија во Франција ќе биде возбудливо од повеќе причини. Во него, своето деби на клупата на домаќините ќе го има новиот тренер Хорхе Сампаоли, кој имаше само два дена да се подготвува за пресметката, во која нема да смета на сонародникот и првиот напаѓач на Марсеј, Дарио Бенедето.

Лион пак, е во трка за шампионската титула со ПСЖ и Лил, па со евентуален триумф ќе се врати на лидерската позиција и ќе има ист број на бодови како и Данските доги. Лавовите славеа во две од последните пет гостувања на „Велодром“, односно загубија во последното дерби, но двапати освоија по бод, а сега кога нема навивачите, фактот што играат на непријателско тло не игра многу улога.

Предлог тип: Т2 1+ & 2>1 (2.17)

- Оглас -

Најнови вести