Време е за чудесни договори – Тотенхем му нуди на Вертоген да издржи плус уште месец

Јан Вертонген, рекордерот на Тотенхем според бројот на настапи од актуелната генерација фудбалери, има понуда од клубот да го продолжи договорот, но само за еден месец.

Чудната сезона која во Англија е во прекин веќе трет месец ќе донесе и до чудни одлуки и преговори меѓу клубовите и играчите што се при крај со важечките договори.

Вертонген има обврска кон Тотенхем до 30 јуни, а сезоната уште не е рестартирана во Премиер лигата и ако почне како што е планирано, на 17 јуни, дефанзивецот би можело да игра само неколку кола, но не и до крајот на првенството.

Планот е Премиер лигата да ја спушти завесата на 25 јули, еден месец откако нема да важи договорот меѓу Вертонген и Тотенхем.

Затоа челниците на клубот му нудат на 33-годишниот играч само едномесечно продолжување, а потоа Белгиецот би бил слободен играч и може без отштета да си замине.

Вакви слулаи има уште во Премиер лигата, а меѓу нив е и Вилијан од Челзи и уште неколку познати фудбалери чии договори истекуваат на крајот на овој месец.

- Оглас -

Најнови вести