Време е за нов предизвик

Пол Погба со една изјава јасно кажа каде ќе игра следната сезона, поточно каде нема да игра. Тој сигурно нема повеќе да ги брани боите на Манчестер јунајтед, откако истакна дека му е време за нов предизвик. Французинот стана мета на критики во текот на минатата сезона во период кога тимот не издвојуваше посакувани резултати, што е една од причините за Погба да посака да ја смени средината.

Јасно е каде би можел да заврши. За неговите услуги најмногу се загреани Реал Мадрид и Јувентус. Веќе знае што значи да се биде играч на Старата дама, додека шанса да го облече кралскиот дрес не се пропушта, а многу веројатно ќе биде нов „галактикос“ бидејќи Погба е голема желба на Зинедин Зидан.

„Три години сум во Манчестер. Доживеав многу убави, но и лоши моменти. Тоа е нормално, на секој фудбалер му се случило такво нешто во текот на кариерата. По сé она што се случи изминатата сезона, која статистички ми беше најдобра досега, мислам дека е време за нов предизвик. Мислам дека во овие моменти најдобро што можам да направам за мојата кариера е да се пробам во друг клуб“, истакна Погба.

https://www.instagram.com/p/Byxac9rFuwn/?utm_source=ig_web_copy_link

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести