Време е за враќање на победничките патеки – Лихтенштајн ќе ја плати сметката (Фотогалерија)

Дарко Велковски тренираше изолирано на денешниот тренинг на репрезентацијата на Македонија, иако прогнозите се дека нема да може да игра против Лихтенштајн, утре од 20.45 часот на националната арена во Скопје.

Вториот меч е на ред во квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар, а Македонија очекува да се врати на победничките патеки и има идеална шанса против една од најслабите селекции во Европа.

Пандев и соиграчите очекуваат прва победа во овој циклус како добра подготовка за долгоочекуваниот дуел со Германија, на 31. март во Дуизбург.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести