Време за уживање на Роналдо: И помалиот син ќе го прави да му биде наследник (Видео)

Кристијано Роналдо ужива во дружење со своите синови. Ако Кристијано Јуниор веќе се докажува на фудбалските терени за деца до 9 години, помалиот син Матео, допрва ги открива тајните на фудбалската игра. Кристијано дефинитивно е фокусиран за тоа како да го научи Матео да го засака фубдалот, а детето покажува чии гени носи.

Веќе неколку пати Кристијано преку социјалните мрежи постираше видеа на кои се гледа како Матео се учи да ја шутира топката. Сега, има нова лекција која Матео одлично ја совлада. Детето успеа да постигне гол, а Кристијано се израдува како на погодоците кои тој ги постигнува на профи мечевите.

Матео и Ева Марија се близнаци кои имаат по 20 месеци и се од сурогат мајка, исто како и Кристијано Јуниор. Единствено за 15-месечната ќерка Алана Мартина се знае дека мајка е неговата девојка Георгина.

Од професионалните обврски, Роналдо речиси и да ја има завршено сезоната. Со Јувентус ја освои титулата во Серија А, но испадна од Лигата на шампиони, па сега останува само формално да го доигра италијанското првенство. Вечерва, Јувентус на свој терен игра против градскиот ривал Торино.

 

- Оглас -

Најнови вести