Времето изминува – Прогнозери, фатете се за работа, неколку клика ве делат од iPhone XS

Првиот од натпреварите во петтото пролетно коло на Спортска прогноза започнува во 15:30 часот, тоа е дуелот од Бундеслигата меѓу Шалке О4 и Фрајбург, што значи дека останаа уште неколку часа да се прогнозира и да се учествува во трката за главната награда iPhone XS. За денес на репертоар се четири меча, а токму последниот, Аталанта – Милан, е еден од мечевите кои создадоа најмногу мака при прогнозирањето.

Во претходното коло ја добивме и првата 12-ка, Игор Данилов го освои телефонот Samsung galaxy A6, додека iPhone XS и натаму го чека својот сопственик, a можеби овој викенд ќе биде среќен за некој од многуте прогнозери кои типуваа. Како и досега, награди има и  за 11 и 10 погодоци, тука се ваучерите од Sport Life во вредност од 500 односно 200 денари.

Се наградуваат најдобрите и во генералниот пласман, па затоа е важна константноста. Колку повеќе сте редовни во прогнозирањето, толку се поголеми шансите да имате повеќе погодоци и да бидете во трка за наградите кои ќе се доделуваат и за најуспешните во генералниот пласман, покрај стандарните награди за секое коло одделно.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ НИТУ ЕДНО КОЛО

Стартувајќи од 15-ти јануари 2019 година, почнува и натпреварот во Генералниот пласман, во кој се собираат вкупно поените од сите типувања за секое одделно коло, па сè до последното коло од Спортска прогноза со почеток на осми мај 2019 година. Генералниот пласман има посебен награден фонд, независен од наградите за секое поединечно коло на Спортска прогноза.

1. место: Mi Електричен тротинет
2. место: Велосипед Capriolo Passion Men
3. место: Ваучер од 1000 денари во Sport Life обложувалници
4. место: Ваучер од 500 денари во Sport Life обложувалници
5. место: Ваучер од 300 денари во Sport Life обложувалници

- Оглас -

Најнови вести