Врие од Хрвати на трибините, но Ротердам е среќно место за Лалињата (Видео)

Со голот на Дониел Мален во 34-тата минута, Холандија води со 1-0 по првото полувреме против Хрватска во првото полуфинале на финалниот турнир во Лигата на нациите. Голот може да го видите ТУКА.

Средбата се игра во Ротердам, но на трибините има огромен број Хрвати кои се погласни од холандските фанови. Сепак, тоа не е доволно за добар резултат на Коцкестите на зелениот терен.

Холандија има серија од 31 меч по ред без пораз на „Де Кајп“ во Ротердам и тоа не е добра вест за Хрватите, особено што примија гол од фудбалер кој четири години немаше дадено гол за националниот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести