Вршац е последен на табелата, но нема да биде потценет

Без никакво потценување, екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе влезе во дуел со српскиот тим Вршац, кој е последен на табелата во АБА 2 лигата. Средбата се игра од 19 часот во „Јане Сандански“, а влезот е слободен.

Иако Вршац е последен и има само една победа, претерано олабавување против нив може да биде кобно, а им се врати и капитенот Савовиќ и немаат што да загубат. МЗТ е во добра серија и треба на терен да ја оправда фаворитската улога која ја има на хартија. На МЗТ победата му треба за задржување на второто место, кое носи предност во полуфиналето на плејофот.

„Во мечот ќе влеземе максимално ангажирано и фокусирано. Вршац е последен, но тие се противник кој не смее да се потцени. Имаат одличен напад. Мислам дека моите играчи се свесни за значењето на секој меч и од нив се очекува вистински пристап и борбеност“, изјави тренерот Ѓорѓи Кочов.

Кога овие два тима се сретнаа во „Милениум“, МЗТ славеше со 95:88, но составите беа малку поинакви од сегашните, а Вршац има и друг тренер.

Српскиот тим е најнепријатно изненадување во втората АБА-лига, има само една победа, и тоа во третото коло против Динамик, го менуваше и тренерот, но не му оди. Вршац има серија од 14 порази по ред, па вечерва нека биде и 15-тиот.

- Оглас -

Најнови вести