Втор голгетер е на шампионот зад брилијантниот Халанд, Манчестер сити си го осигура најмалку до 2027 година со нов договор(Фото)

Манчестер сити објави дека го продолжи договорот со Фил Фоден до 2027 година, што значи дека англискиот репрезентативец ќе игра за актуелниот првак најмалку уште пет години.

Фоден е домашен производ на популарните Граѓани и е член на клубот од 2009 година, кога како 9-годишно момче беше примен во Академијата на Манчестер сити.

Фоден е еден од најдобрите млади фудбалери на планетата и со 22 години веќе има 11 пехари со Манечстер сити, од кои четири се шампионските круни во Премиер лигата на Англија.

„Немам зборови за да ви опишам колку сум среќен. Јас сум навивач на Манчестер сити цел живот. Го живеам мојот фудбалски сон и се радувам што ќе бидам дел од ова фудбалско семејство најмалку до 2027 година“, изјави Фоден.

Две сезони по ред ја добива наградата за најдобар млад играч во Англија, а посебно блескаше лани и во овој циклус во Премиер лигата и во Лигата на шампионите.

Во англиското првенство постигна шест гола и е вкупно трет стрелец во Лигата со шест гола, а втор голгетер е во Манчсетср сити зад неверојатниот Ерлинг Халанд со 15 погодоци.

Фоден има и три асистенции, а посебно добро за актуелните прваци е што одлично со вклопи во играта со Халанд и заедно дури 21 пат ги тресеа мрежите на голманите во Премкиерлигата во 9 кола, што е скоро две третини од вкупните 33 погодоци на првакот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести