Втор пораз по ред за Столе Димитриевски и Рајо во Ла Лига

По одличниот старт на сезоната во Ла Лига, Рајо Ваљекано за кого настапува голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски, во следните две кола доживеа порази.

По дебаклот од 7:0 во дуелот со Атлетико Мадрид, вечерва Рајо загуби на гостувањето кај Бетис со минимални 1:0.

Единствениот гол го постигна Вилијан Хозе во 53-та минута од слободен удар.

Интересно е што поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Иско, повторно беше прогласен за играч на натпреварот. Тој во сите четири кола беше прогласен за најдобар фудбалер на мечевите на Бетис.

Во следното, петто коло, Рајо пред своите гледачи ќе игра против Алавес.

- Оглас -

Најнови вести